Американските Федерални резерва ја зголеми референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени, на ниво од 3,75 до 4 отсто.

Одлуката е донесена поради високата инфлација, која според централната банка сè уште е над посакуваното ниво и не се намалува со доволно брзо темпо.Новите проекции покажуваат дека мнозинството членови на ФЕД очекуваат уште едно зголемување на каматите до крајот на годинава.

Инфлацијата, мерена преку индексот на личната потрошувачка, сега се очекува да достигне 3,7 отсто, додека враќањето кон целта од 2 отсто е одложено до 2029 година.

По објавувањето на одлуката, доларот зајакна, а приносите на двегодишните американски државни обврзници достигнаа највисоко ниво во повеќе од две години.

 

Слични новости

Американските акции паднаа откако ФЕД изрази загриженост поради движењата на инфлацијата

Претседателот на ФЕД изјави дека најновите податоци за индексот на цените на личната потрошувачка и на цените на потрошувачката се нешто подобри од очекувањата, но дека не укажуваат на значително подобрување на инфлаторните трендови.