Остануваат уште четири дена до изборниот молк за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври. Политичките партии и коалиции интензивно ја продолжуваат својата теренска активност низ државата, со митинзи, средби со граѓани и прес-конференции во повеќе општини.

Она што станува сè поочигледно е заострувањето на реториката меѓу главните политички актери кои разменуваат обвинувања за криминал, нефункционални институции и злоупотреби на власта…

Лидерите во своите обраќања сè повеќе упатуваат директни критики кон политичките противници. Аналитичарите очекуваат дека последните денови од кампањата ќе бидат уште поинтензивни, со засилени пораки кон гласачите и зголемени политички тензии.

Слични новости

Се евакуираат жителите во тетовска Шипковица, откако свлечиште загрози четири куќи

Се евакуираат жителите во тетовска Шипковица, откако свлечиште загрози четири куќи

Четири куќи во тетовското село Шипковица на падините на Шар Планина се загрозени од свлечиште кое настана поради обилните врнежи на дожд што го зафатија западниот регион, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК