Остануваат уште четири дена до изборниот молк за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври. Политичките партии и коалиции интензивно ја продолжуваат својата теренска активност низ државата, со митинзи, средби со граѓани и прес-конференции во повеќе општини.

Она што станува сè поочигледно е заострувањето на реториката меѓу главните политички актери кои разменуваат обвинувања за криминал, нефункционални институции и злоупотреби на власта…

Лидерите во своите обраќања сè повеќе упатуваат директни критики кон политичките противници. Аналитичарите очекуваат дека последните денови од кампањата ќе бидат уште поинтензивни, со засилени пораки кон гласачите и зголемени политички тензии.

Слични новости

Голем пад на странските инвестиции во Македонија

Голем пад на странските инвестиции во Македонија

Во септември годинава во Македонија имало околу 600 милиони евра помалку странски инвестиции во однос на истиот период лани. Податоците на Народната банка покажуваат дека годинава странските инвестиции изнесуваат нешто над 200 милиони евра, додека лани во овој период надминувале 840 милиони евра.

Муртезани за можен трет протокол со Софија: Во моментов се прават напори за воспоставување дијалог и доверба

Муртезани за можен трет протокол со Софија: Во моментов се прават напори за воспоставување дијалог и доверба

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска истакна дека по локалните избори заедно со европските партнери се работи на воспоставување дијалог и враќање на довербата меѓу Скопје и Софија, со цел да се надмине спорот и да се одблокира евроинтегративниот процес на земјава