Остануваат уште четири дена до изборниот молк за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври. Политичките партии и коалиции интензивно ја продолжуваат својата теренска активност низ државата, со митинзи, средби со граѓани и прес-конференции во повеќе општини.

Она што станува сè поочигледно е заострувањето на реториката меѓу главните политички актери кои разменуваат обвинувања за криминал, нефункционални институции и злоупотреби на власта…

Лидерите во своите обраќања сè повеќе упатуваат директни критики кон политичките противници. Аналитичарите очекуваат дека последните денови од кампањата ќе бидат уште поинтензивни, со засилени пораки кон гласачите и зголемени политички тензии.

Слични новости

Заради сообраќајна несреќа – целосно затворен магистралниот пат Куманово – Крива Паланка

Заради сообраќајна несреќа – целосно затворен магистралниот пат Куманово – Крива Паланка

Магистралниот пат Куманово–Крива Паланка од 8 часот и 30 минути утринава е целосно затворен за сообраќај поради сообраќајна незгода што се случила утрово. Од полицијата апелираат возачите да користат алтернативни патни правци и да возат внимателно.

Сиљановска-Давкова од Подгорица: Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан

Сиљановска-Давкова од Подгорица: Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан

Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан. По долгата, па и маратонска евроинтеграција, заедничката географија, историја и култура треба да се заокружат со отворање на вратите за членство на балканските држави, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Балканскиот форум за интеграција 2025, во Црна Гора