Според најновите податоци, речиси сите поголеми водотеци имаат значително повисоко ниво од просекот за февруари, а на некои мерни места порастот е повеќе од четирикратно во однос на вообичаените вредности.
Најсериозна е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде нивото достигнало 196 сантиметри, во споредба со февруарскиот просек од 49 сантиметри.
Вардар, најголемата македонска река, кај Јегуновце утрово се измерени 220 сантиметри, што е два и пол пати повеќе од нормалното ниво за овој период. Зголемено ниво на Вардар е регистрирано и кај Скопје, Велес и Демир Капија.
Пораст на нивото е забележан и на Црна Река кај Новаци, на Брегалница кај Берово, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Сатеска кај Ботун, како и на Црн Дрим кај Ложани.
Слични новости
И по поскапувањето, горивата во Македонија остануваат меѓу најевтините во регионот
И покрај најновото зголемување на цените, горивата во Македонија и натаму се меѓу поевтините во регионот и во поголемиот дел од Европа
Лажна дојава за поставена бомба во кочанско училиште
МВР веднаш извршило проверка, а било констатирано дека дојавата е лажна. Не постои никаква опасност за безбедносста на учениците и вработените во училишниот објект.
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.


