Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово, во 5:35 часот, на граничниот премин Блаце, сам се пријавил поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница. Бајрами, како што информира МВР, е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.

Тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби е меѓу главните осомничени за злоупотреби направени во „Државна лотарија“. Покрај Груби и Бајрами, во случајот „Државна лотарија“, обвинети се и Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

На судењето што почна неделава сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој беше недостапен на органите за прогон, и обвинетиот Башким Авдиу, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.

 

Слични новости

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ побара итна оставка од Тошковски, наведувајќи дека тој треба да понесе одговорност поради низата скандали. Од партијата бараат да се утврди кој сè е вмешан во случајот и сите одговорни да сносат последици.