Меморандумот за запирање на војната на Блискиот исток би можел да биде потпишан уште утре, изјавија западни дипломати за Ројтерс, а како најверојатно место за потпишување на договорот се спомнува Женева.

Текстот на меморандумот сеуште се финализира, а според западните дипломати Иран сеуште инсистира на својот став дека спогодбата мора да ги оконча и борбите во ЛИбан, каде што Израел врши офанзива против Хезболах, кој е поддржан од Иран.

Целта е текстот да се финализира денеска, за в недела да може да го потпишат американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и претседателот на иранскиот парламент Мохамед Калибаф.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека ги откажува нападите врз Иран, бидејќи , како што рече, договорот е подготвен..

Слични новости

Пекинг ги демнатираше обвинувањата на Трамп: не се мешаме во изборите во САД

Пекинг ги демнатираше обвинувањата на Трамп: не се мешаме во изборите во САД

Кина денеска ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидела да влијае врз изборите во Америка и дека наводно собрала податоци за милиони американски избирачи, истакнувајќи дека Пекинг не се меша во внатрешните работи на други држави.

Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Американските оружени сили денеска ги проширија воздушните удари врз Иран при што погодија повеќе мостови, а ја урнаа и кулата за надзор на поморскиот сообраќај во пристаништето Чабахар.

Трамп бара да им се одземат лиценците на телевизиите што не го пренесуваа во живо неговиот говор

Трамп бара да им се одземат лиценците на телевизиите што не го пренесуваа во живо неговиот говор

Претседателот на Америка Доналд Трамп денеска изјави дека на телевизиските мрежи кои не го емитуваа неговиот говор за безбедноста на изборите во Америка треба да им се одземат дозволите за емитување програма.