Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер лајен денеска објави дека ЕУ на денот на независноста на Украина одобрила 6,1 милијарди евра за системите за противвоздушна одбрана и дека со тоа и ја покажува на Украина својата непоколеблива поддршка.
Фон дер лајен порача дека Европа стои заедно со Украина денеска, утре и колку што ќе биде потребно.
Одобрените средства се дел од заемот за поддршка на Украина во вредност од 90 милиони евра и се дава во време кога Русија ги засилува своите напади со балистички ракети и дронови, соопшти Европската комисија.
Само во јули се забележани 376 руски напади и засилувањето на украинската одбрана станува се поургентно.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.