Конор Галагер во зимскиот преоден рок би можел да се врати во Премиер лигата во дресот на Астон Вила.
Англичанецот не доби вистинска шанса кај Диего Симеоне во Атлетико Мадрид па тој сакаше да се врати во Премиер лигата, а освен Астон Вила која е најконкретна за Галагер, интересирање покажаа и Њукасл и Манчестер јунајтед.
Доколку Галагер дојде во Астон Вила, Харви Елиот најверојатно ќе се врати во Ливерпул.
Галагер има искуство во Премиер лигата каде што играше за Кристал палас и Челси.
Слични новости
Спалети не губи надеж дека Јувентус ќе се пласира во осминафиналето на ЛШ и покрај петте гола што ги прими од Галатасарај
Јувентус синоќа по првото полувреме водеше против Галатасарај со 2:1 со головите на Копмејнерс, но на крајот загуби со 5:2, а од 67 минута остана и со играч помалку.
Винисиус и Мбапе тврдат дека Престијани од Бенфика го навредувал Винисиус на расна основа
Тврдењата на Винисиус ги потврди и Килијан Мбапе кој го нарече Престијани расист. „Играчот на Бенфика со број 25 чие име не сакам ни да го спомнам го стави дресот преку уста и дури пет пати му довикуваше на Винисиус дека е „мајмун“.
Чаби Алонсо ја одби понудата на Олимпик Марсеј да седне на тренерската клупа
Спортските медиуми пишуваат дека Алонсо го чека расплетот на ситуацијата со Арне Слот во Ливерпул, од кого доби повик уште кога Јирген Клоп го напушти „Енфилд“.


