Од музејот Огист Реноар во Кањ сир Мер, на југот од Франција, во текот на минатата ноќ се украдени најамлку четири слики на Реаноар, соопшти француската полиција.

На снимките на камерите од музејот се видени двајца криминалци како во раните утрински часови ги крадат сликите, откако провалиле во музејот, соопштија полициски извори за весникот „Фигаро“.

Музејот кој е сместен во последната резиденција на Огист Реноар на имотот Колет, содржи релативно мала колекција со 10 оригинални слики на Реноар, 40-тина скулптури, како и неговиот мебел, личните работи, фотографии и архивата.

Слични новости

ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови

ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови

Владини веб-страници во Холандија, Франција, Данска и Финска беа привремено исклучени по откривањето критични безбедносни пропусти во програмскиот јазик PHP, кој се користи за функционирање на голем дел од интернетот.