Голем помор на автохтоната македонска пастрмка „Salmo macedonicus“  во реката Треска кај Кичево. Угинувањето на рибата е забележано денеска, откако водата во реката се избистрила.

 Според првичната проценка на концесионерот „Хантер Фиш“, на потег долг околу 15 километри, од игралиштето во Влазними и пречистителната станица до селото Лисичани, угинале најмалку 15 тони риба.

 Од „Хантер Фиш“ предупредуваат граѓаните да не ја собираат и консумираат угинатата риба, бидејќи не е безбедна за употреба.

 Како можна причина за поморот се посочуваат многу нискиот водостој на Треска и нефункционирањето на пречистителната станица во Кичево.

 

Слични новости

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ побара итна оставка од Тошковски, наведувајќи дека тој треба да понесе одговорност поради низата скандали. Од партијата бараат да се утврди кој сè е вмешан во случајот и сите одговорни да сносат последици.