Шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда, Маџид Хадеми, е убиен денес во напади на САД и на Израел, соопшти иранската револуционерна гарда.
Во соопштението на иранската револуционерна гарда, е наведено дека Хадеми пет децении имал голема улога во иранскиот разузнавачки и безбедносен апарат.
Ројтерс наведе дека иранските државни медиуми објавија дека Хадеми е мртов, но притоа не објавија детали.
Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац го оцени убиството на Хадеми, како отстранување на терорист. „Ќе продолжиме да ги ловиме еден по еден“, рече тој, нагласувајќи дека Израел веќе сериозно ја оштетил иранската челична и петрохемиска индустрија и дека ќе „продолжи со разурнување на иранската национална инфраструктура“.
Слични новости
Трамп: Продолжен прекинот на огнот Израел–Либан
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека прекинот на огнот меѓу Израел и Либан ќе биде продолжен за уште три недели, по разговори во Белата куќа.
Вадефул повика на гласање со мнозинство во ЕУ за надворешната и безбедносната политика
Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул повика на укинување на принципот на едногласност во Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика и негова замена со принципот на гласање со мнозинство
Иран денеска нападна два брода во Ормутскиот теснец
Инцидентите се случуваат во време кога претседателот на САД го продолжи примирјето со Техеран, иако часови претходно најавуваше воена акција врз Иран. Стотици бродови остануваат блокирани во регионот.


