Шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда, Маџид Хадеми, е убиен денес во напади на САД и на Израел, соопшти иранската револуционерна гарда.
Во соопштението на иранската револуционерна гарда, е наведено дека Хадеми пет децении имал голема улога во иранскиот разузнавачки и безбедносен апарат.
Ројтерс наведе дека иранските државни медиуми објавија дека Хадеми е мртов, но притоа не објавија детали.
Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац го оцени убиството на Хадеми, како отстранување на терорист. „Ќе продолжиме да ги ловиме еден по еден“, рече тој, нагласувајќи дека Израел веќе сериозно ја оштетил иранската челична и петрохемиска индустрија и дека ќе „продолжи со разурнување на иранската национална инфраструктура“.
Слични новости
Американските командоси стигнаа на Блискиот исток
„Њујорк тајмс“ објави дека доаѓањето на специјалните единици има за цел да му даде дополнителни опции на американскиот претседател Доналд Трамп за проширување на војната со Иран.
Блискиот исток во пламен: Иран и Хутуте го гаѓаат Израел со ракети
Со лансирањето на ракети врз Израел од страна на јеменските Хути, дојде до ескалација на конфликтот што го зафати целиот Блиски исток, пренесува Ројтерс.
Мерц: Потезите на Трамп се опасна ескалација со неизвесен исход
Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати остри критики до американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека неговите постапки во врска со конфликтот во Иран претставуваат „огромна ескалација“, а не обид за мир.


