Шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда, Маџид Хадеми, е убиен денес во напади на САД и на Израел, соопшти иранската револуционерна гарда.
Во соопштението на иранската револуционерна гарда, е наведено дека Хадеми пет децении имал голема улога во иранскиот разузнавачки и безбедносен апарат.
Ројтерс наведе дека иранските државни медиуми објавија дека Хадеми е мртов, но притоа не објавија детали.
Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац го оцени убиството на Хадеми, како отстранување на терорист. „Ќе продолжиме да ги ловиме еден по еден“, рече тој, нагласувајќи дека Израел веќе сериозно ја оштетил иранската челична и петрохемиска индустрија и дека ќе „продолжи со разурнување на иранската национална инфраструктура“.
Слични новости
Иран го обвинува Венс дека го известувал Нетанјаху за текот на преговорите
За време на неодамнешните разговори меѓу САД и Иран во Исламабад, потпретседателот на САД Џеј Ди Венс одржувал паралелна комуникација со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави иранската телевизија.
Најава за втора рунда разговори Иран-САД
Официјални претставници потврдија дека разговорите за можен втор круг мировни преговори со Техеран се во тек и ги оценија како „продуктивни“.
Трамп и упати писмо на Кина да не испраќа оружје на Иран, Пекинг демантираше
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека писмено побарал од кинескиот претседател Си Џинпинг да не дава оружје на Иран. Кинескиот претседател му одговорил дека Кина не го снабдува Иран со оружје.


