Кошаркарите на Њујорк поведоа со 1:0 против Филаделфија во полуфиналето на Источната конференција, откако на домашен терен победија со 137:98. Њујорк Никс беа предводени од Џејлен Бронсон кој постигна 35 коша на натпреварот, од кои дури 27 во првото полувреме.
Њујорк ја продолжи успешната низа во плеј офот и стана првиот тим во историјата на НБА кој има три последователни победи со повеќе од 25 коша разлика. Екипата на Њујорк доминираше со прецизен шут од игра (63 %) а во одредени мигови имаше и 40 поени разлика.
Во тимот на Филаделфија најефикасен беше Пол Џорџ со 17 коша, а Ембид постигна 14 кошеви, со слаб шут од игра 3 од 11. Вториот меч се игра доцна во среда навечер, исто така во Њујорк.
Слични новости
Њујорк поведе со 3:1 во финалето на НБА лигата со најголемиот пресврт во едно НБА финале во историјата
Њујорк Никс успеа да се врати од 29 коша дефицит, да направи преврт и да победи во четвртиот меч пред својата публика во Медисон Сквер Гарден. Во текот на целиот меч Сан Антонио водеше убедливо, делуваше дека нема спас и дека гостите од Тексас ќе го вратат и вториот брејк
Најавено доаѓање на Алваро Арбелоа во Фулам
Доскорешниот тренер на Реал Мадрид Алваро Арбелоа е најсериозниот кандидат за тренерската позиција во Фулам, јавуваат британските медиуми.
Англија ја победи Костарика со 3:0 во генералната проба за Светското првенство, Тухел им даде шанса на сите играчи во ростерот
Фудбалерите на Англија убедливо ја победија Костарика со 3:0 во последниот подготвителен меч, пред Светското фудбалско првенство кое почнува вечерва. Англија изгледаше подготвено и упати дури 28 шутеви кон голот на противникот.


