Артан Груби рано утринава бил уапсен на граничниот премин Блаце, при обид за влез во Македонија од Косово, соопшти МВР. За Артан Груби од претходно е одредена и мерка притвор.

Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело соопшти  МВР.

 Поранешниот прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, се гони за проневера во служба“ во Државна лотарија, кадешто  заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.

 

Слични новости

Макпетрол ќе продава поевтини бензини и дизел за два денара по литар од цената што ја соопшти РКЕ

Макпетрол ќе продава поевтини бензини и дизел за два денара по литар од цената што ја соопшти РКЕ

Малопродажните цени на горивата на бензинските станици ќе се продаваат со намалена цена од 2 денaра за литар за Еуросупер БС-95 и за Еуросупер БС-98 во однос на малопродажните цени објавени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), соопшти АД Макпетрол.