Минстерството за внатрешни работи сподели информации со јавноста за ноќешната акција во која беше приведен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство поради барање на мито . Анакиев, како што соопшти МВР го известил оштетеното лице дека за стоката која што ја увезува има забрана за влез и дека истата треба да се врати, бидејќи не е во согласност со важечките законски прописи и дека претходно од страна на Државниот инспекторат за земјоделство бил изготвен записник.
Со цел увозот да се изврши непречено, на оштетеното лице му биле побарани 100.000 евра, кои требало да ги предаде во три наврати и тоа во еден наврат износ од 50.000 евра и во два наврати по 25.000 евра.
По земањето на парите од страна на Анакиев преземени се оперативно тактички мерки и активности и врз основа на издадени наредби извршен е преглед на лице, превозно средство и багаж. При прегледот на патничко моторно возило, под совозачкото седиште, парите се пронајдени и одземени, соопшти полицијата.
Слични новости
Вработените во Македонски пошти на протест
Празните сметки на над илјада вработени ја запреа работата на Македонски пошти. Синдикатот што го организира протестот велат дека ова не е прво доцнење на платите, ниту, пак, ќе биде последно доколку во најкраток можен рок не им бидат исплатени заработените средства.
„Safe City“ доби зелено светло од Собранието – Изгласани измените на Законот за прекршоци
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. „За“ гласаше 81 пратеник, додека 19 гласаа „Против“.

