Уапсена е прилепчанката која живеела во Тетово и физички го малтретирала и го фрлила на асфалт своето тримесечно бебе. Новороденчето го спасиле случајни минувачи, кои пријавиле во полиција.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Тетово вчера ја лишиле од слобода, а подоцна уапсиле и едно лице од селото Сараќино.
Претходно, во СВР Тетово било пријавено дека В.М. била забележана како физички го малтретира и удира на асфалт своето тримесечно бебе. Лицата што го забележале тоа, ѝ го одземале детето и го пријавиле случајот. За настанот е известен социјален работник и инспектор за малолетници, а двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, посочуваат од МВР.
Слични новости
СДСМ: „Не можете луѓето во Гостивар да ги убедите дека не сте виновни“
Според СДСМ, целокупната одговорност за состојбата ја имаат институциите и власта предводени од ВМРО-ДПМНЕ.
Најавен нов топлотен бран во Европа со температури над 45 степени
Метеоролозите предупредуваат дека над голем дел од Европа ќе се формира таканаречена „топлотна купола“, атмосферски феномен што го задржува жешкиот воздух над истото подрачје со денови, што дополнително ги зголемува температурите.
Уапсен 19-годишниот Танасковски за обид за убиство на Марко Љубиша Кан во Црна Гора
Во акција на црногорската полиција вчера во Никшиќ е уапсен 19-годишен државјанин на Македонија, член на организирана криминална група врз основа на меѓународна потерница од Интерпол.


