Турција настојува да се приклучи на одбранбениот сојуз на Саудиска Арабија и Пакистан, според кој секој чин на агресија кон една од државите би се сметал за напад врз сите, извести Блумберг.
Преговорите за создавање на „исламски НАТО“ се во одмината фаза, пренесуваат турските медиуми кои објавуваат дека постигнувањето на таква спогодба е многу веројатна.
Проширувањето на новиот безбедносен сојуз би влијаело на рамнотежата на силите на Блискиот исток и пошироко. Интересите на Турците, саудијците и Пакистанците се повеќе се преклопуваат на Блискиот исток, во ЈУжна Азија и во Африка.
Анкара во овој сојуз гледа начин и да ја засили сопствената безбедност во ситуација кога постојат дилема во врска со посветеноста на американскиот претседател Трамп на НАТО.
Слични новости
Зеленски порача дека ако дојде до договор за прекин на огнот Украина ќе го почитува
По вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД во Женева, нема конкретен напредок, иако преговарачите на двете страни изнесоа умерен оптимизам.
Парламентарните избори во Бугарија закажани за 19 април
Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата Илијана Јотова.
Шпанските власти ги истражуваат Мета, ТикТок и Икс поради ширење на детска порнографија
Владата на Шпанија побара од канцеларијата на јавниот обвинител да ги истражи дигиталните платформи Мета, ТикТок и Икс поради можно креирање и ширење на детска порнографија


