Турското Министерство за одбрана соопшти дека американски систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ е распореден во југоисточната провинција Малатија како дел од мерките на НАТО за зајакнување на противвоздушната одбрана на сојузниците поради ракетните закани поврзани со војната во Иран.

Радарската база на НАТО Куречик, која обезбедува клучни податоци за алијансата и помогнала во идентификацијата на две ирански балистички ракети насочени кон Турција, објави весникот „Сабах“.

Во соопштението турското Министерство за одбрана наведе дека Анкара ќе продолжи да соработува со сојузниците од НАТО и да го следи развојот на ситуацијата во регионот.

 

Слични новости

Трамп го повика Иран „да се опамети“

Трамп го повика Иран „да се опамети“

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран нема да може да постигне договор со САД доколку во него не биде опфатено и прашањето на нуклеарната програма.