Турските безбедносни сили приведоа 115 осомничени членови на Исламска држава, кои се осомничени дека планирале напади за време на прославите на Божиќ и Нова Година во оваа земја, објави денеска Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул.

Истанбулската полиција добила информации дека членови на Исламска држава планираат напади во Турција, особено против немуслимани за време на прославите на Божиќ и Нова Година, објави обвинителството на платформата X.

Во соопштението се наведува дека полицијата извршила рации во 124 места во Истанбул и дека се уапсени 115 лица, од 137 осомничени по кои се трагало. За време на апсењето на осомничените, запленети се неколку пиштоли и муниција.

Турската разузнавачка служба МИТ во вторникот го уапси Мехмет Горен, член на Исламска држава Корасан (ИД-К) и спречи планирани напади за Нова Година, а операцијата ја разоткри и мрежата за регрутирање на терористичката организација.

 

Слични новости

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.