Во истрагата за нападот во средното училиште во Маниса во кој беа повредени повеќе ученици, турската полиција приведе девет лица, меѓу кои и осомничениот за пукањето врз учениците, објави денеска агенцијата Анадолија.
Според информациите на турските медиуми, осомничениот за време на нападот испукувал куршуми на оддалеченост меѓу 80 и 110 метри од училиштето.
Со истрагата е утврдено дека осомничениот еден месец пред нападот вежбал гаѓање со пушката на неговата баба, а муницијата ја купил од продавница за ловечка опрема.
Меѓу приведените се родителите, како и бабата и дедото на осомничениот, некои роднини, како и сопственикот на продавницата за ловечка опрема во која е купена муницијата.
Осомничениот бил во 9-то одделение на основно училиште, но не доаѓал на наставата.
Слични новости
Протестите во Франција продолжуваат, најавен нов масовен собир
По средбата со владините претставници, студентските лидери соопштија дека предложените решенија не ги исполнуваат нивните барања и најавија дека демонстрациите ќе продолжат.
Мерц предупредува: Стариот светски поредок се урива, Европа се соочува со сериозни ризици
Уривањето на стариот светски поредок ги загрозува интересите на средните сили во Европа, меѓу кои е и Германија, ова од Сингапур го порача...
Се бара итно распишување на вонредни избори во Белград – Шапиќ повеќе нема легитимитет
Организацијата „Белград во движење“бара итно распишување на вонредни избори во Белград, наведувајќи дека актуелниот градоначалник, Александар Шапиќ, повеќе нема легитимитет.


