Вештачката интелигенција за кусо време мина пат од нова технологија до секојдневна алатка. Милиони луѓе ширум Европа денеска се потпираат врз чат-ботовите како „Џемини“ и „Грок“, но стапката на прифаќање на вештачката интелигенција драстично се разликува меѓу државите, објавува Еуроњуз.
Според податоците на Еуростат за 2025, една третина од жителите на Европската унија користела алатки на вештачка интелигенција. Но, јазот е огромен и се движи од 56 насто во Норвешка до само 17 проценти во Турција.
На дното се и другите балкански земји како Романија со 18 насто, Србија 19 насто, Босна и Херцеговина 20 насто и Македонија со 22 насто.
Слични новости
Хоророт „Self help“ и натаму прв на американскиот Бокс Офис
Прв на американскиот Бокс Офис од минатата недела е хоророт „Self help“ на режисерот Ерик Блумквист, со Ленди Бендер и Џејк Вебер во главните улоги.
„Меланија“ стана филм со најголеми разлики околу квалитетот меѓу публиката и критиката
Ротен томејтоус му дава скор од мизерни 6 проценти. Од друга страна публиката што го гледаше филмот (приврзаниците на Трамп) му дадоа на филмот скор од дури 99 проценти.
Нетфликс го најави емитувањето на документарецот „Диносаурусите“ на Стивен Спилберг
Новиот документарец „Диносаурусите“ на Нетфликс е во продукција на Стивен Спилберг, а нарацијата е на Морган Фримен. Визуелните ефекти и анимациите за „Диносаурусите“ ги изработи студиото на Џорџ Лукас


