Турскиот деловен весник „Економим“ пишува дека Турција ќе загуби на десетици милијарди долари приход, ако војната со Иран трае три месеци.

Извозот на Турција во земјите на Блискиот исток надминува 30 милијарди долари, а регионот остварува и седум милјарди долари приход од туризам.

Порачките од Блискоисточните земји, веќе се откажуваат, пишува весникот.

„Економим“ пишува дека граничните премини се закрчени со километри, а стоката наменета за Иран се натрупува во магацините.

Слични новости

Криза за гориво на европските аеродроми

Криза за гориво на европските аеродроми

На европските аеродроми им се заканува системски недостиг од авионско гориво доколку Ормускиот теснец во наредните три недели целосно не се отвори за сообраќај, предупреди авио-индустријата.