Три лица загинаа, а петмина се повредени во украински напад со беспилотно летало врз Московската област, соопшти регионалниот гувернер Андреј Воробјов.
Според руските власти, жртвите настрадале по пад на дрон, а руската противвоздушна одбрана и системите за радиоелектронска борба собориле 81 беспилотно летало во текот на ноќта.
Во исто време, руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили извршиле напади врз украински пристанишни објекти во областа Одеса за кои тврдат дека биле користени за складирање воен материјал.
Украинските власти соопштија дека во утринскиот напад врз Одеса биле повредени најмалку четири лица.
Слични новости
Растат тензиите меѓу САД и Иран по истекувањето на договорот за прекин на огнот
Војната не само што не заврши, туку очигледно Вашингтон и Техеран остануваат на крајно спротивставени позиции, со сосема поинаква интерпретација на тоа што се случува и кој всушност го контролира Ормускиот теснец
Техеран: Уништени над 200 непријателски дронови и авиони
Иранските системи за противвоздушна одбрана соборија повеќе од 200 непријателски летала за време на воениот конфликт со САД и Израел, вклучувајќи дронови и авиони со посади, изјави заменик командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда Мостафа Изади.
Трамп: Ми се допаѓа идејата Ормутскиот теснец да се прогласи како територија на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му се допаѓа идејата Ормутскиот теснец кој се наоѓа меѓу Персискиот и Оманскиот залив да се прогласи како територија на САД, навдувајќи дека Америка веќе го контролира.


