Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“ Слави Трифонов јавно се огласи  за инцидентот во бугарската амбасада во Скопјe кога на 11 јануари, напаѓач фрли камен кон вратата на дипломатската мисија.

Чинот беше снимен на безбедносните камери на амбасадата, по што мажот беше уапсен, а настанот опишан како изолиран случај и осуден од македонските власти.

Ако не сакате, ќе останете во Северна Македонија, ќе ги гледате глупавите, одвратни црни натписи, ќе скршите некое стакло од време на време, тајно ќе сонувате да имате бугарски пасоши, ќе доаѓате на море во Сончев Брег секогаш кога е можно, ќе ги праќате своите деца да студираат во Бугарија и ќе ја гледате Европската Унија низ искривена леќа. Објективно кажано, токму тоа го заслужувате“, истакна Трифонов, пренесе „Њуз.бг“.

 

Слични новости

Албанските партии со остри критики до Уставниот суд поради одлуката пораките на СМС од Безбеден град да не се испраќаат на албански јазик

Албанските партии со остри критики до Уставниот суд поради одлуката пораките на СМС од Безбеден град да не се испраќаат на албански јазик

Ставот според кој СМС-пораките во рамки на системот „Safe City“ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански, претставува дискриминација и кршење на духот на Уставот.