Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“ Слави Трифонов јавно се огласи за инцидентот во бугарската амбасада во Скопјe кога на 11 јануари, напаѓач фрли камен кон вратата на дипломатската мисија.
Чинот беше снимен на безбедносните камери на амбасадата, по што мажот беше уапсен, а настанот опишан како изолиран случај и осуден од македонските власти.
–Ако не сакате, ќе останете во Северна Македонија, ќе ги гледате глупавите, одвратни црни натписи, ќе скршите некое стакло од време на време, тајно ќе сонувате да имате бугарски пасоши, ќе доаѓате на море во Сончев Брег секогаш кога е можно, ќе ги праќате своите деца да студираат во Бугарија и ќе ја гледате Европската Унија низ искривена леќа. Објективно кажано, токму тоа го заслужувате“, истакна Трифонов, пренесе „Њуз.бг“.
Слични новости
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.
Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам
Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот.


