Зголемената телесна тежина претставува сериозен здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас, кој посебно ги засега децата и адолесцентите.

Статистичките податоци покажуваат дека во нашата држава преваленцата на обезноста изнесува 30–35 проценти, предупреди министерот за здравство Азир Алиу.

Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е посебно значаен мултисекторскиот одговор и подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик. 

Министерството информира дека продолжува со мерки за поддршка, вклучително преку активностите од Програмата за обезбедување инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер, со посебен фокус на едукацијата за третман и контрола на дијабетесот, имајќи предвид дека обезноста е тесно поврзана со дијабетес тип 2.

 

Слични новости

ВМРО и СДСМ меѓусебно се обвинуваат за аферата со шверцот на 5 тони марихуана

СДСМ соопшти дека одговорноста за нарко скандалот со пет тони дрога и за запленетата марихуана е во врвот на власта. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче.