По нерешените 1:1 против Рома на домашен терен во Истанбул тренерот на Фенербахче Исмаил Картал поднесе оставка на конференцијата за печатот. Тимот денеска се собра во тренинг центарот, но Картал не се појави на тренингот.
Претседателот на клубот Азиз Јилдирим вели дека одлуката на Картал не се прифаќа од управата на клубот и дека нема да има промена на клупата на Фенербахче.
Денеска Картал не одговара на телефонски повици, упорен да истрае во својата одлука, иако има обврзуваќки договор со клубот.
Слични новости
Тибо Куртоа ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид
Куртоа ќе потпише за Реал Мадрид до летото 2028, кога ќе наполни 36 години и ќе заокружи полна деценија во кралскиот клуб од Мадрид. Куртоа дојде на Сантјаго Бернабе во 2018 и со клубот освои три титули во Шпанија и две титулуи европски шампион.
Ковентри го декласираше Њукасл со 4:1
Фудбалерите на Ковентри синоќа на свој терен го победија Њукасл со 4:1 во последниот натпревар од шестото коло на Премиер лигата. Њукасл е на 11-тото место на табелата на Премиер лигата со 8 бодови, додека Ковентри е на 14-тото место со шест.
Панатинаикос под водство на Жељко Обрадовиќ засега неприкосновен во Евролигата
Екипата на атински Панатинаикос кој на почетокот на сезоната ја доведе легендата на овој клуб со кого има освоено најмногу трофеи Жељко Обрадовиќ, продолжува со уверливите настапи во Евролигата.


