Тренерот На Брентфорд Кит Ендрјус го продожи договорот со клубот до 2032 година, официјално соопшти Брентфорд. Ирскиот тренер седна на клупата на тимот минатото лето, откако Томас Франк замина од Брентфорд за Тотенхем, каде што подоцна доби отказ.

Брентфорд во моментов е седми на табелата во Премиер лигата и за прв пат во историјата има шанса да се пласира во европските клубски натпреварувања.

Спортскиот директор на Брентфорд Фил Џајлс изјави дека Ендрјус се покажал како навистина добар избор за клубот.

Во многу анкети пред почетокот на сезоната името на Ендрјус се спомнуваше како главен кандидат за отказ оваа година.

 

Слични новости

Антоан Гризман летово го напушта Атлетико Мадрид

Антоан Гризман летово го напушта Атлетико Мадрид

Трансферот на Гризман во Орландо беше блиску и за време на зимскиот преоден рок, но Гризман реши да остане во Атлетико откако клубот се пласираше во финалето на купот на кралот и четвртфиналето на Лигата на шампионите.