Американскиот Стејт департмент издаде најостра препорака до американските државјани веднаш да ја напуштат територијата на Руската Федерација.

„Американските граѓани кои се наоѓаат во Русија треба веднаш да ја напуштат“ се наведува во соопштението на Стејт департментот, со предупредување дека можноста на американските дипломати да им пружат помош на своите сограѓани е сериозно ограничена.

Поради актуелните безбедносни и политички околности, конзулраната поддршка на САД во Русија функционира во значајно редуциран капацитет, што може дополнително да го отежни реагирањето во случај на итни ситуации, проблеми со властите или на граничните премини.

Слични предупредувања до своите граѓани претходно издадоа и властите на повеќе европски земји како Бугарија, Полска, Естонија и Летонија.

Слични новости

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Атентат врз руски генерал во Москва

Атентат врз руски генерал во Москва

Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.