Германскиот трговски суфицит во јуни падна од 19,3 милијарди евра колку што беше во мај на 15,4 милијарди евра и покрај рекордниот извоз кој достигна вредност од 139,3 милијарди евра.
Германскиот извоз во јуни пораснал за 6,6 насто во однос на јуни минатата година, соопшти германскиот сојузен завод за статистика Дестатис.
Истовремено, германскиот извоз расте уште побрзо од извозот и во јуни порасна за 8,8 насто меѓугодишно на 123,9 милијарди евра.
Главниот пазар за германските извозници и натаму е САД, иако извозот во оваа земја значително е намален во јуни.
Слични новости
Нафтата Брент падна на 88 долари
Цената на нафтата Брент денеска на берзите падна за 1,05 насто на 88, 049 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ падна за 1.01 насто на 81,64 долари за барел.
Берзите во исчекување на кварталните извешати на големите компании
Најголемото внимание на берзите неделава ќе биде насочено кон извештаите на Алфабет и Тесла во среда, како и Интел во четврток, кои веројатно ќе имаат клучно влијание на движењето на американските и светските берзи
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите во вториот квартал оваа година, а овој тренд се очекува да продолжи и во третиот квартал соопшти Европската централна банка.

