Американскиот претседател Доналд Трамп ја исклучи Унгарија од американските санкции за руските нафта и гас на една година, изјави висок американски функционер, по средбата на Трамп со Орбан во Белата куќа.

Трамп ја оправда одлуката бидејќи, како што рече, на Орбан му е многу тешко да најде нафта и гас од други извори. Тие немаат излез на море и зависни се од нафта и гас од Русија, изјави Трамп.

Изземањето на Унгарија уследи откако САД воведе санкции за двете најголеми руски државни нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“ поради одбивањето на Путин да ја заврши војната во Украина.

Како дел од договорот, Унгарија се согласила да купи американски природен гас во вредност од стотици милиони долари.

 

Слични новости

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел