Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран дека САД ќе удрат 20 пати посилно втз нив, доколку Техеран продолжи со блокадата на Ормутскиот теснец.  

„Доколку Иран направи нешто што ќе го запре протокот на нафта низ Ормускиот Проток, тие ќе бидат погодени од САД дваесет пати посилно отколку што беа погодени досега. Дополнително, ќе уништиме лесно уништливи цели, што ќе го оневозможи Иран повторно да се изгради како нација. “ 

Од исламската револуционерна гарда му порачаа на Трамп дека Иран а не САД ќе одлучат кога ќе заврши војната. Тврдат дека пораките кои доаѓаат од американскиот претседател, се обид да најде излез од конфликтот за да може пред домашната јавност да се престави како победник.

Слични новости

Брисел размислува да го укине ветото

Брисел размислува да го укине ветото

Европската унија ја разгледува можноста за укинување на правото на вето во сферата на надворешната и безбедносната политика, изјави високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Каја Калас.