Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја преземат контролата врз Ормутскиот теснец и најави дека Вашингтон ќе отпочне сили удари против Иран.
Американскиот претседател Трамп оцени дека Иран редовно ги крши постигнатите договори, поради што Вашингтон е принуден да преземе порешителни чекори во регионот. Тој порача дека САД ќе го предводат обезбедувањето на Ормутскиот теснец ,а воената мисија ќе се вика „Ангел чувар“.
Ормутскиот теснец е една од најважните поморски точки во светот а низ него минува значаен дел од глобалниот транспорт на нафтата и другите енергенти.
Во меѓувреме Иранската револуционерна гарда објави дека во одговор на најновите американски напади ги погодила американските воени бази во Бахреин и Кувајт и оти во тек се операции на одмазда.
Официјален Техеран ги негираше обвинувањата на Вашингтон дека Иран постојано ги крши договорите и наведе дека Иран во секои преговори влегувал сериозно и постапувал со добра волја.
Страната која постојано ги крши ветувањата се САД, порача Техеран.
Слични новости
Растат тензиите меѓу САД и Иран по истекувањето на договорот за прекин на огнот
Војната не само што не заврши, туку очигледно Вашингтон и Техеран остануваат на крајно спротивставени позиции, со сосема поинаква интерпретација на тоа што се случува и кој всушност го контролира Ормускиот теснец
Техеран: Уништени над 200 непријателски дронови и авиони
Иранските системи за противвоздушна одбрана соборија повеќе од 200 непријателски летала за време на воениот конфликт со САД и Израел, вклучувајќи дронови и авиони со посади, изјави заменик командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда Мостафа Изади.
Трамп: Ми се допаѓа идејата Ормутскиот теснец да се прогласи како територија на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му се допаѓа идејата Ормутскиот теснец кој се наоѓа меѓу Персискиот и Оманскиот залив да се прогласи како територија на САД, навдувајќи дека Америка веќе го контролира.


