Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја обвини Канада дека со години наплаќала огромни царини на американските земјоделски продукти и најави дека сега доаѓа крајот на таквата практика.

Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл напиша дека Канада сака да ги има погодностите што ги има една држава, а всушност не е тоа. 

САД од саботата воведоа царини од 50 насто на канадски прозиводи во вредност од 20 милијарди долари, а Канада соопшти дека ќе возврати со иста мерка.

Преговорите меѓу двете земји пропаднаа во последен момент, а двете земји не успејаа да ги релаксираат веќе влошените односи.

Слични новости

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно