Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова, многу поостра фаза на економски притисок врз Иран која ја нарече „економски ден Д“, предупредувајќи дека ќе се соочат со сериозни последици сите држави, банки и компании кои ќе продолжат да одржуваат финансиски врски со Иран.
Трамп наведе дека Вашингтон тргнува во „најразурнувачката економска операција која било кога е спроведена против било која земја“, откако Иран не постигна договор со САД. Американските медиуми известуваат дека станува збор за нов степен на кампања чија цел е целосна економска изолација на Иран.
Најавените мерки Трамп ги опиша како економска војна и порача дека нивната цел е изолација на Иран во невидени размери.
Особено предупредување Трамп им упати на земјите кои му пружаат финансиска или трговска помош на Иран и предупреди дека тие ќе се соочат со огромни економски последици.
Новата камапања се надоврзува на постоечката американска операција „Економски бес“ насочена против иранските финансиски, нафтени и транспортни мрежи.
Според податоците на американското министерство за финансии од февруари 2025 Канцеларијата за контрола врз странскиот имот воведе санкции на повеќе од 1000 поединци, бродови и летала поврзани со Иран.
Слични новости
Нафтата поевтини поради очекувања на преговори меѓу Иран и земјите од Персискиот залив
Цената на сировата нафта Брент падна под 105 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта ВТИ падна на под 100 долари за барел, откако иранските државни медиуми објавија дека се планираат разговори со земјите од Персискиот залив во Оман.
Европската централна банка би можела повторно да ги качи каматите во октомври
Официјални претставници на Европската централна банка очекуваат натамошно зголемување на каматните стапки, при што новото зголемување би можело да се очекува уште наредниот месец, додека инфлацијата која и натаму изнесува над 3 насто и натаму претставува причина за заострување на монетарната политика.
Опен АИ подготвен да го успори развојот на најсовремената вештачка интелигенција
Американската компанија ОпенАИ која го разви ЧатГПТ размислува да го успори развојот на најсовремената вештачка интелигенција, а извршниот директор на компанијата Сем Алтман изјави дека се надева дека и другите компании од оваа област ќе го направaт истото.


