Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова, многу поостра фаза на економски притисок врз Иран која ја нарече „економски ден Д“, предупредувајќи дека ќе се соочат со сериозни последици сите држави, банки и компании кои ќе продолжат да одржуваат финансиски врски со Иран.

Трамп наведе дека Вашингтон тргнува во „најразурнувачката економска операција која било кога е спроведена против било која земја“, откако Иран не постигна договор со САД. Американските медиуми известуваат дека станува збор за нов степен на кампања чија цел е целосна економска изолација на Иран.

Најавените мерки Трамп ги опиша како економска војна и порача дека нивната цел е изолација на Иран во невидени размери.

Особено предупредување Трамп им упати на земјите кои му пружаат финансиска или трговска помош на Иран и предупреди дека тие ќе се соочат со огромни економски последици.

Новата камапања се надоврзува на постоечката американска операција „Економски бес“ насочена против иранските финансиски, нафтени и транспортни мрежи.

Според податоците на американското министерство за финансии од февруари 2025 Канцеларијата за контрола врз странскиот имот воведе санкции на повеќе од 1000 поединци, бродови и летала поврзани со Иран.

Слични новости

Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот

Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот

Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.

Нафтата Брент падна на 88 долари

Нафтата Брент падна на 88 долари

Цената на нафтата Брент денеска на берзите падна за 1,05 насто на 88, 049 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ падна за 1.01 насто на 81,64 долари за барел.