Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова, многу поостра фаза на економски притисок врз Иран која ја нарече „економски ден Д“, предупредувајќи дека ќе се соочат со сериозни последици сите држави, банки и компании кои ќе продолжат да одржуваат финансиски врски со Иран.
Трамп наведе дека Вашингтон тргнува во „најразурнувачката економска операција која било кога е спроведена против било која земја“, откако Иран не постигна договор со САД. Американските медиуми известуваат дека станува збор за нов степен на кампања чија цел е целосна економска изолација на Иран.
Најавените мерки Трамп ги опиша како економска војна и порача дека нивната цел е изолација на Иран во невидени размери.
Особено предупредување Трамп им упати на земјите кои му пружаат финансиска или трговска помош на Иран и предупреди дека тие ќе се соочат со огромни економски последици.
Новата камапања се надоврзува на постоечката американска операција „Економски бес“ насочена против иранските финансиски, нафтени и транспортни мрежи.
Според податоците на американското министерство за финансии од февруари 2025 Канцеларијата за контрола врз странскиот имот воведе санкции на повеќе од 1000 поединци, бродови и летала поврзани со Иран.
Слични новости
Раст на европските индекси, нафтата Брент на 83 долари
Цената на нафтата Брент денеска порасна за 0,81 насто на 83,184 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ порасна за 0,56 насто на 77,73 долари за барел.
Вештачката интелигенција за прв пат дизајнираше сосема нови вируси
Експертите предупредуваат дека новата технологија го отвара прашањето на биолошката безбедност, бидејќи во иднина би можеле да паднат во рацете на биотерористи кои би ја користеле технологијата за создавање на опасни организми.
Трговскиот суфицит на Германија падна на 15,4 милијарди евра и покрај рекордниот извоз
Германскиот трговски суфицит во јуни падна од 19,3 милијарди евра колку што беше во мај на 15,4 милијарди евра и покрај рекордниот извоз кој достигна вредност од 139,3 милијарди евра.


