Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова, многу поостра фаза на економски притисок врз Иран која ја нарече „економски ден Д“, предупредувајќи дека ќе се соочат со сериозни последици сите држави, банки и компании кои ќе продолжат да одржуваат финансиски врски со Иран.
Трамп наведе дека Вашингтон тргнува во „најразурнувачката економска операција која било кога е спроведена против било која земја“, откако Иран не постигна договор со САД. Американските медиуми известуваат дека станува збор за нов степен на кампања чија цел е целосна економска изолација на Иран.
Најавените мерки Трамп ги опиша како економска војна и порача дека нивната цел е изолација на Иран во невидени размери.
Особено предупредување Трамп им упати на земјите кои му пружаат финансиска или трговска помош на Иран и предупреди дека тие ќе се соочат со огромни економски последици.
Новата камапања се надоврзува на постоечката американска операција „Економски бес“ насочена против иранските финансиски, нафтени и транспортни мрежи.
Според податоците на американското министерство за финансии од февруари 2025 Канцеларијата за контрола врз странскиот имот воведе санкции на повеќе од 1000 поединци, бродови и летала поврзани со Иран.
Слични новости
Нафтата Брент порасна на 98 барели за долар, американската ВТИ се продава за над 93 долари за барел
Цената на сировата нафта Брент денеска порасна на повеќе од 98 долари за барел, што е највисоко ниво во последните шест недели.
Канада одговори на царините на Трамп: Нови такси на 700 американски производи
Канада денеска им воведе царини на САД кои се однесуваат на увоз на американски стоки во вредност од околу 20 милијарди долари, соопшти канадското министерство за финансии.
Американскиот претседател Трамп предвидува драстично намалување на цената на нафтата
Трамп најави дека цените на нафтените деривати во САД набргу ќе паднат на три долари за галон, а откако се ќе се заврши и под два долари за галон. Во моментов цената на дизелот во Калифорнија изнесува 5,86 долари за галон.


