Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на лидерите на Г7 на виртуелен состанок во средата дека Иран е „на работ на предавање“, објави денеска Аксиос, повикувајќи се на тројца претставници на Г7 запознаени со повикот.
Трамп им кажал на сојузниците дека „се ослободил од рак кој им се заканувал на сите“, додека се фалел со резултатите од операцијата „Епски гнев“ на состанокот на Г7 во средата наутро и ги уверувал дека војната во Персискиот залив нема долго да трае.
Американскиот претседател, исто така, рече дека верува оти новоназначениот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е сè уште жив „во некоја форма“, иако не се појавил во јавноста од почетокот на војната меѓу Иран и Ирак.
Коментарите на Трамп дојдоа откако Моџтаба Хамнеи сигнализираше дека Иран нема да се повлече во својата војна со САД и Израел.
Слични новости
Историски минимум за Трамп: Мнозинството Американци не се согласува со политиката на Белата куќа
Само 33 насто од испитаниците изјави дека го поддржува Доналд Трамп како претседател, додека дури 62 насто не ги одобруваат неговите потези. Особено е впечатливо дека дури 53 насто од анкетираните „силно се спротивставува“ на актуелниот курс на американската администрација.
Kувајтски танкер со нафта погоден во Дубаи
Кувајтската нафтена корпорација соопшти дека танкерот за нафта „ал-Салми“ бил погоден од „непознат проектил“ покрај брегот на Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Фирмата вели дека пожарот на бродот е локализиран, целиот екипаж е безбеден и не е идентификувано никакво влијание врз животната средина.
Техеран тврди дека американските носачи на авиони се повлекоа на 1.000 километри од иранскиот брег
Американските носачи на авиони веќе не се присутни во Персискиот залив, бидејќи се повлекоа на 1.000 километри од брегот на Иран, изјави заменик-командантот на Исламската револуционерна гарда генерал Али Фадави.


