Претседателот на САД, Доналд Трамп, бил информиран за низа воени и тајни опции во однос на Иран, вклучувајќи можни ракетни напади, сајбер-операции и психолошки кампањи, објавија извори од Пентагон, пренесува „Би-Би-Си.
Сега според информациите националниот безбедносен тим на САД треба да одржи состанок за следните чекори, додека Трамп порача дека се разгледуваат „многу силни опции“ доколку продолжи насилството врз демонстрантите.
Во Иран, антивладините протести траат со недели поради економската криза и падот на валутата, а според организациите за човекови права, убиени се над 600 луѓе.
Иранските власти, пак, тврдат дека се подготвени за разговори со Вашингтон, но истовремено порачуваат дека се „подготвени за војна“, додека врховниот лидер Али Хамнеи ги обвини САД за мешање.
Дополнително, Трамп најави воведување царини од 25% за земјите што тргуваат со Иран, што може дополнително да ја влоши економската состојба во земјата.
Мерката, заедно со меѓународните санкции, се очекува да го зголеми притисокот врз Техеран, додека интернет-блокадата и ограничениот пристап за медиумите ја отежнуваат проверката на состојбата на терен.
Слични новости
Пекинг го повика Вашингтон да не го вооружува Тајван
Пекинг го повика Вашингтон да не му испорачува оружје на Тајван, откако Ројтерс објави дека претседателот на САД Доналд Трамп би можел да одобри голем пакет оружје за островото.
Трамп тврди дека Иран бргу ќе се предаде
Трамп им кажал на сојузниците дека „се ослободил од рак кој им се заканувал на сите“, додека се фалел со резултатите од операцијата „Епски гнев“ на состанокот на Г7 во средата наутро и ги уверувал дека војната во Персискиот залив нема долго да трае.
Се урна американски воен авион во Ирак
Американски воен авион за полнење на гориво КС-135 се урна во западен Ирак. Четворица од шестемина членови на екипажот загинаа, а по преостанатите двајца сеуште се трага.


