Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на канадските лидери „да се повинуваат или ќе се соочат со последици кои ќе бидат многу полоши од царините“.

Предупредувањето на Трамп доаѓа во момент кога Трамп се закани со нови царини за канадските возила, авто-делови и челик, среде растечките трговски тензии меѓу двете земји кои резултираа со 50 насто царини на САД на некои канадски производи во вредност од 20 милијарди долари.

Канадскиот премиер Марк Карни рече дека американските трговски барања ги потврдија стравувањата на канада дека САД настојуваат да ги разурнат главните канадски индустрии.

Односите на САД и Канада драстично се влошија откако Карни во петокот ги напушти трговските преговори со САД, а веќе во саботата Вашингтон воведе царини од 50 насто на канадски стоки.

Слични новости

Колумбија: Најмалку 265 мртви во разурнувачкиот земјотрес, прогласена вонредна економска ситуација

Колумбија: Најмалку 265 мртви во разурнувачкиот земјотрес, прогласена вонредна економска ситуација

Најмалку 265 луѓе се погинати, а близу 3.500 луѓе се повредени во земјотресот со силина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западот на Колумбија, соопшти денеска колумбискиот претседател Абелардо де ла Еспријела.