Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД треба да го „поседуваат“ Гренланд, за да ги спречат Кина и Русија да го направат тоа.

„Земјите мора да имаат сопственост и таа сопственост се брани, не се бранат закупи. А ние ќе мора да го браниме Гренланд“ – изјави Трамп. Трамп додаде дека САД ќе го преземат островот „на лесен начин или на тежок начин“.

Белата Куќа претходно навести дека администрацијата на Трамп ја разгледува можноста да ја купи оваа полу-автономна територија од Данска, земјата која треба да важи за сојузник на САД во НАТО, но истовремено не се отфрла ниту можноста да се анектира островот со употреба на сила.

Данска и Гренланд подвлекоа дека островот не е за продажба. Властите во Копенхаген оценија дека секоја воена акција би претставувала крај на транс-атлантската алијанса.

САД веќе имаат повеќе од 100 војници кои се постојано распоредени во базата Питуфик во северо-западниот дел на Гренланд, воена инсталација која САД ја контролираат уште од периодот на втората светска војна.

Според постојните договори со Данска, САД имаат можност да распоредат и дополнителен број војници на Гренланд.

 

Слични новости