Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека САД би можеле да останат во Иран и да ја „задржат нафтата“, како во случајот со договорите со Венецуела.

За време на посетата на Ирска, тој повтори оти очекува војната со Иран да заврши во текот на оваа година. Тоа, според него, би било можно веднаш по изборите на средина на мандатот кои во САД се одржуваат во ноември, пренесува „Ројтерс“.

Претседателот на САД порача дека ќе склучи само „вистински договор“ и дека нема да се согласи на „договор кој не значи ништо“, додавајќи дека „Иран постојано повикува на мировни преговори“. Тој изнесе и опција САД да останат присутни во Иран, повлекувајќи паралела со договорот со Венецуела во август.

Слични новости

Нови напади со дронови врз бродови во Црното море, Бугарија бара помош од НАТО

Нови напади со дронови врз бродови во Црното море, Бугарија бара помош од НАТО

Радев наведе дека е свикана вонредна седница на Советот за безбедност во Бугарија на која се добиени информации за нови напади врз бродови во Црното море. Еден брод е погоден на 17 наутички милји источно од Крапец, кој потонал, а спасен е само еден член на екипажот.