Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прекинот на огнот меѓу САД и Иран останува во сила и покрај неодамнешните размени на напади и додаде дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се одвиваат „многу добро“.

Американскиот претседател оцени дека до потенцијален напредок во преговорите може да дојде уште овој викенд.

Претходно иранските медиуми пренесоа дека преговорите меѓу САД и Иран се во тек, но дека не е донесена ниту една конечна одлука.

Како што се наведува, причината за неуспешните преговори меѓу двете страни е одбивањето на Техеран нуклеарната програма на Иран да биде дел од преговорите.

Слични новости

Пекинг ги демнатираше обвинувањата на Трамп: не се мешаме во изборите во САД

Пекинг ги демнатираше обвинувањата на Трамп: не се мешаме во изборите во САД

Кина денеска ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидела да влијае врз изборите во Америка и дека наводно собрала податоци за милиони американски избирачи, истакнувајќи дека Пекинг не се меша во внатрешните работи на други држави.

Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Американските оружени сили денеска ги проширија воздушните удари врз Иран при што погодија повеќе мостови, а ја урнаа и кулата за надзор на поморскиот сообраќај во пристаништето Чабахар.