Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија на капче со натпис „Вето“, по објавувањето на прелиминарните резултати на половина од мандатот во САД кои недвосмислено укажуваат Демократите го освоија мнозинството и во Конгресот и во Сенатот.

Капчето на фотографијата потсетува на она по кое Трамп стана познат, со натписот „Мага“ -да ја направиме Америка голема повторно.

Трамп порача дека ги признава изборните резултатите и дека е подготвен на соработка со Демократите, но и се закани дека ќе ја користи можноста на претседателското вето за да ги блокира нивните закони и одлуки.

 

Слични новости

Масовен одзив на изборите во САД, демократите во предност по преброените гласови од раното гласање

Масовен одзив на изборите во САД, демократите во предност по преброените гласови од раното гласање

Денеска во САД се одржуваат избори на половина од претседателскиот мандат на кој се бираат сите членови на Конгресот и 35 од 100 сенатори. Резултат на изборите ќе определи дали републиканците на претседателот Донад Трамп ќе ја задржат контролата во Конгресот, или мнозинството ќе го преземат демократите.