Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која Министерството за одбрана на земјата се преименува во Министерство за војна.

 „Тоа е многу посоодветно име, особено имајќи предвид каде се наоѓа светот во моментов. Решивме да се „разбудиме“ и да го промениме името на Министерството за одбрана. Значи, се префрламе во Министерство за војна“, рече Трамп при потпишувањето на наредбата во Овалната соба на Белата куќа.

 Шефот на Пентагон, Пит Хегсет, кој разговараше со новинарите заедно со Трамп, рече дека САД „не добиле голема војна“ откако Министерството за војна беше преименувано во Министерство за одбрана. „Одиме во напад, не само во одбрана“, рече Хегсет.

 

Слични новости

Аеродромот во Лиеж повторно привремено затворен поради прелет на дрон

Аеродромот во Лиеж повторно привремено затворен поради прелет на дрон

Аеродромот во белгискиот град Лиеж ги продолжи летовите по привременото затвореање поради забележување дрон, соопшти националната служба за контрола на воздушниот сообраќај во петокот, што е втор ваков инцидент оваа седмица

Американскиот Сенат блокираше резолуција што ќе го спречише Трамп да ја нападне Венецуела

Американскиот Сенат блокираше резолуција што ќе го спречише Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат во четвртокот блокираа резолуција што ќе го спречише претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без одобрение од Конгресот, еден ден откако претставници на администрацијата им кажаа на пратениците дека Вашингтон нема моментални планови да ја нападне Венецуел