Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави под знак прашање членството на САД во НАТО, оценувајќи ја Алијансата како „хартиен тигар“.
Во интервју за британскиот „Телеграф“, Трамп изјави дека по завршувањето на војната со Иран „речиси и да нема дилема“ дека ќе мора да се преиспита американското присуство во НАТО.
Сличен став изнесе и американскиот државен секретар Марк Рубио за „Фокс њуз“. тој нагласи дека САД ќе бидат принудени да го ревидираат односот со Алијансата.
Вашингтон особено е револтиран поради ограничената употреба на европските бази и, како што тврди, недоволната поддршка во кризата околу стратешки важниот Ормуски Теснец, клучен за светската економија.
Еден од основните столбови на НАТО е обврската за заеднички одговор во случај на напад – член 5. Но актуелниот конфликт со Иран, започнат од САД и Израел, не е опфатен со тој механизам на колективна одбрана.
Слични новости
Стапија во сила новите мерки за руските дипломати во ЕУ
Денеска стапија во сила мерки кои ја ограничуваат слободата на движењето на руските дипломати во Европската унија за да спречат шпионажа и ширење на дезинформации, наведе ЕУ.
Сибиха: Путин цинично нареди масивен напад врз Украина за време на разговорите во Абу Даби
Официјален Киев предупреди дека руските ракети не го погодија само украинскиот народ, туку и преговарачката маса.
Во Абу Даби продолжен трилатералниот состанок за Украина
Во Абу Даби денеска продолжи трилатералната средба за постигнување мировно решение за Украина на која учествуваат украинска, руска и американска делегација, јави Ројтерс.


