Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повлекува речиси 30 амбасадори и други високи функционери во амбасадите за да осигури дека амбасадите ја следат стратегијата „Америка на прво место“, додека критичарите велат дека овој потег ќе ја ослабне улогата на Америка во светот.
Стејт департментот одби да даде список на дипломати што треба да се повлечат. Висок функционер на министерството изјави во понеделникот дека потегот е „стандарден процес во која и да е администрација“, но критичарите велат дека тоа не е вистина.
„Амбасадорот е личен претставник на претседателот и право на претседателот е да се осигури дека има поединци во тие земји кои ја промовираат агендата ‘Америка на прво место’“, рече функционерот, кој зборувал за Reuters под услов да остане анонимен.
Трамп се обидува да назначи лојални луѓе на високи позиции уште од почетокот на својот втор мандат, откако се соочи со отпор за време на првиот мандат за да ги унапреди своите приоритети во надворешната политика.
Џин Шахин, високорангирана демократка во Комитетот за надворешни односи на Сенатот, го нападна отповикувањето на дипломатите, додека околу 80 амбасадорски позиции се празни.
„Претседателот Трамп им го предава американското лидерство на Кина и Русија со отстранување на квалификувани амбасадори кои лојално служат без разлика кој е на власт. Тоа ја прави Америка помалку безбедна, помалку силна и помалку просперитетна“, напиша Шахин на X.
Слични новости
Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн
Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.
Обидот на Трамп да го присвои Гренланд ги сврте Ервопјаните против него
Најновата анкета што ја спроведе YouGov во данска, Германија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија покажа дека Европјаните се свртеа против...
Атентат врз руски генерал во Москва
Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.


